Балкан Вести

Курти повторно избран за премиер на Косово

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада предводена од Албин Курти, ставајќи крај на повеќе од една година политички ќорсокак.

Владата беше поддржана со 66 гласа „за“ во Собранието со 120 пратеници, откако партијата „Ветевендосје“ освои 57 мандати на декемвриските избори и обезбеди поддршка од неколку партии на етничките малцинства..

Новата влада се соочува со итни предизвици, меѓу кои се усвојувањето на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и финансиска помош.

Курти најави инвестиција од една милијарда евра во одбраната во следните четири години, вклучително и отворање фабрика за муниција и развој на домашна воена индустрија.

Косовскиот парламент до 5 март треба да избере и нов претседател, за што е потребно двотретинско мнозинство.

Доколку не се обезбеди потребната поддршка, можно е земјата повторно да се соочи со предвремени избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе