Вести Македонија Топ вести

Ревизорски извештај за ДСЗИ: Неажурирана листата на забранети супстанци во козметика, ризик за пуштање во промет на производи штетни по здравјето на граѓаните

Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше предмет на ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста за 2024 година.

Ревизорите утврдија дека во делот на инспекцискиот надзор при увоз на стоки постојат ризици, бидејќи фактурите и здравствените сертификати се на повеќе странски јазици, што може да доведе до недоволно проверена веродостојност и безбедност на производите.

Ревизијата покажала и недостатоци во инспекцискиот надзор на санитарно-хигиенската и здравствената заштита, недостасува поткрепувачка документација, пописот не е комплетен, а исплатата на додатоците за работа со висок ризик е неточна.

Дополнително, листата на забранети супстанци во козметиката од 2010 година не е ажурирана, што создава ризик за пуштање во промет на производи штетни по здравјето на граѓаните.

Во извештајот на ревизорите исто така се укажува на недоволна техничка опременост на државните лаборатории за испитување на забранети супстанци во козметички производи и детски играчки.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Изложба „Пркосните 12“ во КЦ Јадро – фотографијата како средство за комуникација и експресија

Дејан Дејан

Арагчи: Договорот со САД за завршување на војната никогаш не бил поблиску

Дејан Дејан

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе