Балкан Вести

Упасен осомничен за фрлената бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ

Уапсено е  едно лице како осомничен дека  заедно со уште едно лице по кое се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во двор на семејната куќа на Дедиње на Здраво Чолич, во Белград, со што предизвикале материјална штета. Тоа доцна синоќа го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Српскиот министер за внатрешни работи,Ивица Дачиќ, како што е наведено во соопштението, изјави дека апсењето го извршиле припадници на МВР на Србија, Полициската управа на градот Белград и Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносно- информативната агенција.

Уапсеното лице (С.М.), родено 1993 година, е осомничено за сторено кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и предизвикување општа опасност и ќе биде приведено во Вишото јавно обвинителство во Белград, стои во соопштението.

Медиумите во средата објавија дека бомба била фрлена врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, кој во тој момент не бил во Србија. Никој не е повреден од експлозијата, сопругата и ќерката на пејачот  за време на експлозијата биле во куќата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе