Вести Македонија Топ вести

ИЈЗ: Во Македонија малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос на жените.

Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 821,3 во 2024 година на 100000 население, пишува во извештајот.

Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години била повисока кај машката поулација. Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години била значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години. И во возрасната група 0-64 години, морталитетот бил повисок кај мажите во однос на жените.

Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2024 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет што се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 56,1 во 2021 година, 68,3 во 2023 година и 71,3 на 100000 мажи во 2024 година. Кај жените, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2024 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година, 32,6 во 2021 година, 38,5 во 2022 година и 39,4 на 100000 жени во 2024 година, пишува во извештајот.

Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт.

Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос на жените.

– Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 821,3 во 2024 година на 100000 население, пишува во извештајот.

Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години била повисока кај машката поулација. Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години била значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години. И во возрасната група 0-64 години, морталитетот бил повисок кај мажите во однос на жените.

Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2024 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет што се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 56,1 во 2021 година, 68,3 во 2023 година и 71,3 на 100000 мажи во 2024 година. Кај жените, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2024 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година, 32,6 во 2021 година, 38,5 во 2022 година и 39,4 на 100000 жени во 2024 година, пишува во извештајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата ќе доделува концесии за геолошки истражувања во источниот дел на Македонија

Дејан Дејан

Ниту се открива компанијата, ниту колку пари се потрошени – Општина Кисела Вода без конкретен одговор за пропаднатиот пат од Теферич до Сопиште

Sasko Dimovski

Дваесетина портали со домен .tv под лупа на АНБ и МВР за поттикнување тензии меѓу Македонија и Бугарија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе