Во Основниот суд во Куманово во четврток ќе започне судскиот процес против Т.Б. (25) од Старо Нагоричане за 4 кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик.
Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, утврди дека бил пресметлив кога ги извршувал убиствата , а убивал од омраза кон жените. Во текот на истрагата беа откопани телата на три жени, а обдукцијата утврди дека две од нив се негови жртви.
Првото убиство го сторил во јануари минататa година а беше уапсен после една година, во февруари годинава. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада. Во обвинението е наведено дека делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела. Првото убиство го извршил ноќта помеѓу 05.01.2025 година и 06.01.2025 година во с. Клечовце кога влегол во куќата на повозрасна и немоќна жена и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала.
Се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Осомничениот има 25 години и е жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане).
Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово.
Телма стигна до ТикТок профилот на осомничениот сериски убиец во кумановско
