Во Босна и Херцеговина а32 доктори дадоа отказ поради ниските плати.
Тие од Кантоналната болница и од Домот на здравје во Ливно поднеле откази поради ниските плати и лошите услови, пренесува „Н1“.
–Докторите се незадоволни од односот на Владата на Кантон 10 и надлежното министерство кон нивните барања за подобрување на материјалните права“, изјавил д-р Ивица Јозиќ, претседател на Синдикатот на лекарите во тој кантон.
Станува збор за 85 отсто од специјалистите во болницата и домот на здравје во Ливно, додека за останатите здравствени установи Синдикатот сè уште нема точни податоци. Тие ќе работат до следниот понеделник, кога завршува отказниот рок.
Зголемувањето на платите од три проценти, кое го понудила Владата, е оценето како неприфатливо.
Докторите предупредуваат и на сериозен недостиг од кадар, поради што се принудени да работат двојно повеќе дежурства од законски пропишаниот максимум.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
