Телото на Анастасија Березовска – осомничена за вмешаност во обидот за убиство на украинскиот милионер Вадим Јермолајев во Монако – вчера беше пронајдено во близина на Киев.
Според неофицијални информации, жената била застрелана, пишува „Украинска правда“.
Березовска беше осомничена дека поставила бомба во станбена зграда во Монако која експлодираше кога во зградата влегуваа Јермолаев, неговата партнерка и неговиот син. Најтешко беше повредена партнерката на Јермолаев. Бомбата експлодираше на влезот на една од најлуксузните станбени згради во Монако, а за Јермолаев кој беше цел на нападот, украинските медиуми пишуваа дека претходно бил цел на санкции поради неговите врски со Русија.

Властите во Монако веруваат дека Березовска поминала неколку дена набљудувајќи и снимајќи ја резиденцијата за да ги проучи навиките на жртвите.
Полициски извор за „Украинска правда“ потврди дека во врска со случајот се уапсени двајца осомничени. Едниот е активен припадник на украинското воено разузнавање, додека другиот е поранешен полицаец.
Украинка маскирана во маж, главна осомничена за бомбашкиот напад во Монако
