Балкан Вести Економија

Реакции на Србија и Бугарија за блокадите: Директната штета е околу 100 милиони евра дневно

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, нагласи дека директната штета од блокадите на премините и извозот од целиот Западен Балкан изнесува околу 100 милиони евра дневно. Тој утрово го посети граничниот премин Батровци, каде што повеќе од 50 камиони го блокираат товарниот сообраќај.

-Срамно е кога станува збор за извоз на стока. Треба да се додаде дека секоја производствена компанија има казни и пенали за неиспорачана стока помеѓу 10.000 и 50.000 евра дневно. Има околу 10.000 компании што извезуваат само од Србија во ЕУ, и поради тоа може да се достигнат навистина големи бројки,  изјави Чадеж, пренесоа српските медиуми.

Тој додаде дека сегашната криза со снабдување е предизвикана од нефлексибилноста на европската бирократија.

Бугарските транспортни компании исто така се жалат на големи финансиски загуби бидејќи мораат да користат алтернативни патишта низ Романија поради блокадите на граничните премини со Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Тоа како што велат го продолжува нивниот транспорт за 500-600 километри до европските дестинации.

На граничните премини со Македонија, како „Врашка Чука“, „Брегово“ и „Ѓуешево“, се ограничува сообраќајот за возила над 3,5 тони, додека премините со Србија се блокирани за тешки товарни возила.

Состојбата ќе се следи внимателно, а бугарските институции најавуваат разговори со транспортните здруженија и Европската комисија за координација и можни решенија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Sasko Dimovski

Десетици лица се повредени на протестите во Болоња, откако маж почина додека бил приведуван од полицијата со употреба на физичка сила

Igor Trajkov

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе