Косопственикот на клубот „Констеласион“ во Кран Монтана, Швајцарија, Жак Морети, кој беше притворен во истрагата за пожарот во објектот во кој за време на новогодишна прослава на 1 јануари загинаа 40 луѓе е ослободен по судски налог, соопшти судот во Вале.
Морети беше во притвор од 9 јануари. Како принудна мерка судот тогаш му потврди тримесечен затвор, но адвокатите на одбраната поднесоа барање за негово пуштање на слобода во замена за неколку услови меѓу кои и кауција од околу 215.000 евра, пренесува „Фигаро“.
Во соопштението на судот се наведива дека на Морети му е забрането да ја напушта територијата на Швајцарија, дека ослободен со обврска да ги предаде личните документи и дека е обврзан за секојдневно јавување во полициска станица.
Адвокатите на семејствата на жртвите, кои беа многу критични за начинот на кој швајцарските кантонални власти досега ја водат истрагата, наведоа дека одлуката за ослободување на Морети е „неочекувана“ и „изненадувачка“, пишува „Фигаро“.
Во пожарот во клубот „Констеласион“, за кој прелиминарно беше утврдено дека го предизвикале прскалки на шишиња со шампањ, загинаа 40 луѓе, а 116 беа повредени.
