Вести Свет Топ вести

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот

Во Копенхаген и во неколку други градови во Данска, како и во Нук, главниот град на Гренланд, денеска ќе се одржат протести поради амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз островот.

Повеќе илјади луѓе преку социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат во протестите во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе. Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на почитувањето на демократијата и основните човекови права во Гренланд.

Коалицијата на локални гренландски организации сака да го искористат присуството на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген, за да се слушне нивниот глас.

Трамп во вториот претседателски мандат повеќе пати изјави дека САД треба да имаат контрола врз огромниот, стратешки важен, но ретко населен арктички остров што ѝ припаѓа на Данска. Според него, Гренланд е важен за националната безбедност на САД и оти ќе ја преземе контролата „на еден или друг начин“ за да се спротивстави на руските и кинеските интереси на Арктикот.

Советникот на Трамп, Стивен Милер ја потврди позицијата на САД за Гренланд.

„Гренланд е четвртина од големината на САД, со сето должно почитување, е мала земја со мала економија и мала војска, која не може да го брани Гренланд. Но. САД немаат намера да трошат милијарди долари за одбрана на територијата, а неговиот суверенитет да ѝ го остави на Данска“, истакна Милер за „Фокс њуз“.

Протестите ќе се одржат три дена по состанокот во Вашингтон каде што данските претставници признаа дека во моментов нема можност за договор со американските лидери за иднината на автономната територија.

Неколку европски лидери изразија поддршка за Данска, а Трамп вчера се закани со зголемување на царините за земјите кои не го поддржуваат неговиот план за Гренланд.

Франција, Шведска, Германија и Норвешка, заедно со Холандија, Финска и Велика Британија пред два дена на Гренланд распоредија воен персонал за извидувачка мисија, како дел од вежбата „Арктичка издржливост“ на Данска, организирана со сојузниците на НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе