Царински службеници на граничниот премин „Табановце“ спречија обид за шверц на 348 грама златен накит во вредност од 1,3 милиони денари.
Како што информира Царинската управа, случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит.
Против неа е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.
Годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.
