Шеесет и петгодишен работник се здобил со тешки телесни повреди по пад од зграда во Куманово додека извршувал работни задачи. По добиената прва помош, тој бил пренесен на лекување во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Случајот е пријавен во СВР Куманово и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.
„На 21.07.2026 година во 17 часот во СВР Куманово, лекар од Итната медицинска помош пријави дека кај нив бил донесен С.Т. (65) од Куманово со тешки телесни повреди. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, додека извршувал работни задачи“, информира министерството за внатрешни работи (МВР).
