Вести Свет

Макрон: Никакво заплашување или закани со царини не можат да влијаат врз нас

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека американските закани за воведување царини врз европски држави поради прашањето со Гренланд се неприфатливи.

„Никакво заплашување или закани не можат да влијаат врз нас. Заканите со царини се неприфатливи“, објави Макрон преку својот профил X, откако американскиот претседател Доналд Трамп вети нови царини против осум европски земји, меѓу кои и Франција, кои испратија воен персонал на Гренланд и се противат на целосно преземање на островот од САД, објави дневниот весник „Фигаро“.

Францускиот претседател нагласи дека Европејците ќе одговорат на унифициран и координиран начин за да се обезбеди почитување на европскиот суверенитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе