Вести Македонија

Свечена изјава на новоизбраните членови на Судскиот совет, Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ

Свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе дадат новоизбраните членови на Судскиот совет на Македонија, Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ.

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, завчера во Собранието беа избрани за членки на Судскиот совет по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во образложението во Собранието, истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет.

Според неа, регрутирањето лица посветени на правото, стручни и компетентни во областа, ќе придонесе за воспоставување исти критериуми и при изборот на судиите, зголемување на нивната одговорност, како и за добивање аргументирани извештаи од Судскиот совет со конкретни предлози за надминување на проблемите во правосудството, што ќе значи исчекор во реформите.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.

Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Колапс на женските организации во светот додека потребите достигнуваат историски нивоа

Дејан Дејан

(Фото) Погребан Aјатолахот Али Хамнеи, неговиот наследник не се појавил во јавност

Kristina Kuzmanovski

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе