Во последните неколку дена, компанијата Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ и нејзиниот управител Петар Доновски се предмет на јавни напади, клевети и тенденциозно пласирани информации, изнесени од страна на политичката партија СДСМ преку прес-конференции на Јон Фрчковски и Петар Огненовиќ, реагираат од Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ.
Во прилог на ова соопштение, доставуваме табела со склучени и реализирани договори за јавни набавки, по години, со институции раководени од функционери на СДСМ, како доказ за транспарентното и законско работење на компанијата.

Од тие причини, бараме јавно извинување во рок од 24 часа од објавувањето на ова соопштение.
Во спротивно, ќе бидеме принудени да ги искористиме сите расположливи правни механизми за заштита на нашите права, углед и деловен интегритет, велат од Пирамид Билдинг Солушнс.
