Балкан Вести

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари

Возачите на камиони од Србија и од Босна и Херцеговина објавија дека на 26 јануари сите гранични премини за товар кон земјите од Шенген зоната ќе бидат блокирани поради проблемите предизвикани од новиот систем за влез и излез , што ги евидентира влезот и излезот на превозниците. Тие мерки доаѓаат откако, како што наведуваат, Брисел не ги зел предвид барањата и предлозите на превозниците за олеснување на граничните процедури.

Претседателот на Здружението за меѓународен транспорт од Србија, Неѓо Мандиќ, за Јуроњуз Србија објасни дека протестите не се однесуваат на патничките премини, туку исклучиво на товарните терминали, каде што ќе бидат паркирани камиони, така што во ниту еден момент нема да може да се влезе или излезе со стока.

-Увозот и извозот буквално ќе запрат, а синџирите на снабдување практично не функционираат без нашите превозници, рече Мандиќ .

Тој објасни дека изминатите две години биле посветени на обиди за решавање на проблемот преку дипломатски канали. Тие испратиле писма до Европската комисија и властите во Србија и во БиХ, одржале состаноци во Брисел, но немало конкретни одговори.

-Ништо не се случи. Оставивме рок од месеци и пол за решавање на проблемот, но без резултати. Затоа се одлучивме за подрастични мерки на протест, рече Мандиќ.

Според него, системот за влез-излез ја загрозува работата на превозниците бидејќи го ограничува бројот на работни денови во Шенген, а постојните билатерални квоти за транспорт меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ не функционираат како што е предвидено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Sasko Dimovski

Десетици лица се повредени на протестите во Болоња, откако маж почина додека бил приведуван од полицијата со употреба на физичка сила

Igor Trajkov

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе