Во Сарај се чини дека се вршени јавни активности без активен договор, односно „на црно“, велат од ДУИ од каде ги објавија следните факти:
- На 2, 3 и 10 јануари, градоначалникот на општината, на својата официјална Фејсбук страница, излегува пред јавноста и се фали дека се врши зимско одржување на патиштата, чистење на снег и фрлање сол.
- На 8 јануари, истата институција, Општина Сарај објавува официјално известување за избор на победник на „тендерот“, што значи дека процедурата сè уште не била завршена, дури ни на 10 јануари!
- Тука го имаме парадоксот кој го урива целиот наратив: Како е можно да се работи на терен на 2, 3 и 10 јануари, кога на 8 јануари тендерот е сè уште во процес, не е завршен со активен договор и не може да заврши поради роковите за жалби?
Ова значи едно од двете – или градоначалникот јавно ги лажел граѓаните или работите се извршени реално, но без законска основа, без договор и надвор од процедурите, велат од ДУИ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
