Во дербито на денот на Европскиот шампионат во ватерполо што се одржува во Белград, Србија го совлада бранителот на титулата Шпанија со 12:11.
Во првиот дуел од Ц групата, Холандија славеше над Израел со 19:11 и обезбеди место во следната фаза од континенталното првенство.
Во мечот кој решаваше за првата позиција во А конкуренцијата, Унгарија забележа победа над Црна Гора со 13:10 додека Франција триумфираше над Малта со 22:13.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.









































