Јана Иванова и Филип Циглењак Симоновски се две деца со аутистичен спектар на возраст од 10 и 12 години, чии цртежи и слики не се уметнички израз, туку начин на комуникација со светот.
Јана има неверојатен талент да црта, а Филип пак да слика. Нивните 40 дела денеска беа претставени пред штипската публика
Талентот на Филип кон сликањето е откриено пред четири години.
Среќен е што неговите дела можеше да ги презентира пред своите врсници од Штип, на сликите се гледаат пејзажи, но и неговите емоции низ боите на платното.
Здружението „Во Мојот Свет“ го реализира проектот „Огледала на мојот свет“, кој ја афирмира креативноста и уметничкиот израз на деца со аутистичен спектар на нарушувања.
Делата на Јана и Филип отвораат тивки, но силни прашања за различноста, чувствителноста и правото секое дете да биде видено и признаено.
Викторија Димитрова Јованова
