Вести Македонија

Блокадата на преминот Богородица со последици на локалната економија во Гевгелија

Повеќе од еден месец се штрајкува во Грција. Земјоделците бараат исполнување на нивните барања кои ќе им загарантираат подобра егзистенција и приходи.

Поради тоа, и преминот Богородица-Евзони, еден од најфреквентните е речиси пуст. Времените, а понекогаш и целосните блокади, како последната ги променија навиките на голем број Грци кои редовно доаѓаа на пазарење и забава во македонските погранични места.

Ова најдобро го забележуваат Гевгеличани, каде голем број локални бизниси зависат директно од грчките посетители.

Гевгеличани се жалат дека од почетокот на штрајкот на грчките земјоделци, посетата на градот е значително намалена што се одразува и на локалната економија.

На пазарот во Гевгелија се пресликува истата ситуација. Пазарот вообичаено трае до пладне, но и денеска помина без купувачи од Грција. Пазарџиите велат дека приходите им се значително намалени.

„Околу 30 проценти од пазарот го правев од Грци. Многу се чувствува кога не доаѓаат. Не знам како ќе е понатаму, ама сега не е добро“, вели продавач на пазарот во Гевгелија.

Освен пазарите, маркетите и продавниците за облека, Грците се значајни клиенти и во рестораните, заболекарските ординации, фризерските и козметички салони.

Речиси да нема дејност која во моментов не трпи загуби од долгите протести на грчките земјоделци.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе