Вести Македонија

Лажен лекар за само два дена собра речиси 20.000 евра од повозрасни граѓани во Штип и Виница

Лажен лекар за само два дена собра речиси 20.000 евра од повозрасни граѓани во Штип и Виница. Мета на измамата се 77 годишна жена од Штип и на иста возраст е и маж од Виница. Приказната на лажниот лекар и во двата случаи е идентична. Жената од Штип пред два дена пријавила дека лажниот лекар и зел 700.000 денари.Телефонски се јавил дека на нејзината сестра, која била во болница оти поради скршеница на нога било потребно да и се изврши операција и да се вгради шипка. Идентична е приказната и на 77 годишниот виничанец, кој случајот во полиција го пријавил вчера, а лажниот лекар му зел 430.000 денари.

„Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место. Како што е пријавено, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка , по што сфатил дека е измамен“, велат од СВР Штип.

Вообичаено мета на вакви измами се повозрасните граѓани, кои во паника, страв за најблиските наседнуваат на ваквите приказни. Низ годините крими билтените бележаа измами на граѓани во кој наводно нивни блиски учествувале во сообраќајни несреќи. Од СВР Штип информираат дека работат на расчистување на овие два случаи.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе