Вести Македонија Топ вести

Граничниот премин „Евзони“ денеска под блокада од 17 до 23 часот по македонско време

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време), грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини „Евзони“ кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави на дописничката на МИА од Атина. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси.

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите во следните денови, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

На ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“), како што соопшти АМСМ, има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до утре до 10 часот.

Вчера претпладне земјоделците во цела Грција ја започнаа најавената 48-часовна блокада низ целата земја, меѓутоа по новата покана за дијалог и средба упатена од Владата, решија да повлечат дел од блокадите што се на споредните патишта, но сепак тракторите остануваат паркирани на автопатиштата.

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис вчера упати покана до земјоделците во вторник да се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но под два предуслови: прво, делегацијата на земјоделците да ги претставува сите блокови и второ, дијалогот да се одржи со отворени патишта.

Владината покана ја прифатија земјоделците, а утре напладне ќе одржат состанок со учество на претставници од сите блокови за да ја одредат делегацијата што во Атина ќе се сретне со Мицотакис, како и темите и барањата што ќе ги покренат на состанокот.

Протестите на земјоделците во Грција започнаа на 30 ноември и траат над 40 дена со секојдневни блокади на низа локации во целата земја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Усвоени измени на Законот за финансиски лизинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе