Расчистени три кривични дела „измама“ и едно дело „измама“ во обид во Тетово, лишена од слобода 23-годишна скопјанка, соопшти МВР.
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје.
Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на сметка во една банка или преку возач на автобус да ги пратат во коверт во Скопје.
