Во дворот пред основно училиште во „Новa улица“ била активирана силнан експлозија, јавува „Дневник.хр. Сведоци раскажуваат дека се слушнале две експлозии, а една од жителките изјавила дека од силниот удар се треселе прозорците.
Од загрепската противпожарна служба соопштиле дека во 22:56 часот добиле пријава за пожар на игралиштето на Основното училиште „Јулије Кловиќ“, предизвикан од пиротехничка направа, кој бил изгаснат по нивното пристигнување. Во интервенцијата учествувало едно противпожарно возило.
