Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против сопственикот и управител на угостителскиот објект „Јужна пруга“ во Скопје, кој продолжил со работа и покрај изречената забрана од инспекција.
Забраната била издадена од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром и јасно истакната на влезот на објектот.
Според Обвинителството, сопственикот го отстранил службениот знак и примал гости, со што директно ги прекршил инспекциските решенија.
При контрола било утврдено дека локалот работи и покрај забраната и дека во него имало присутни гости.
Јавниот обвинител побарал од Судот изрекување мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за вршење угостителска дејност и целосно спроведување на инспекциското решение додека трае постапката.
Од ОЈО Скопје порачаа дека непочитувањето на законите и службените акти ќе биде санкционирано.
Б.С.
