Вести Свет Топ вести

Повредени тројца полицајци и фоторепортер – антивладин протест во Тирана

Албанската полиција објави дека на синоќешниот протест на опозицијата во Тирана полесно се повредени тројца полицајци и еден фоторепортер.

„Досега идентификувани се 11 граѓани кои фрлаа молотови коктели кон полицијата и зградата на Владата, при што четворица се уапсени, а против другите седум, меѓу кои и едно малолетно лице, се води постапка. Кривична пријава е поднесена против лицето Е.М. организациски секретар на политичкиот субјект Демократска партија, бидејќи во својство на организациски претставник на овој субјект, тој не ги исполни обврските за идентификување на лицата одговорни за непречено одвивање на протестот“, се наведува во полициското соопштение.

Истражна група продолжува да работи на идентификување на други граѓани кои извршиле незаконски дејствија за време на протестот.

Синоќа пред Владата во Тирана, во организација на Демократската партија, беше одржан протест. Според организаторот протестот е почеток на историската мисија за уривање на „нарко владата на Рама, формирање техничка влада и спроведување слободни избори“. Додека се обраќаше лидерот на демократите, Сали Бериша, демонстрантите фрлаат молотови коктели и пиротехнички средства, поради што мораше да интервенира и противпожарно возило.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе