Четириесет и едногодишен жител на преспанското село Курбиново е хоспитализиран на Одделението за интензивно лекување во Клиничката болница во Битола, откако вчера бил нападнат од мечка.
-Пациентот има повреди на лицето, постапено е по протокол, раните се обработени, засега е на кислородна маска. Хоспитализран е на одделението за интензивно лекување, соопштија од болницата.
Како што информираа од битолската полиција, случајот бил пријавен синоќа околу 20 часот. Н.И. (41) од селото Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки.
Е.М.
