Вести Свет Топ вести

Европските лидери изразија солидарност со Данска и Гренланд

Целосно сме солидарни со Данска и со народот на Гренланд, порачаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во идентични објави на Икс, како реакција на изјавата на новоименуваниот американски претставник за Гренланд, Џеф Ландри дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од САД“.

„Територијалниот интегритет и суверенитет се фундаментални принципи на меѓународното право. Овие принципи се од суштинско значење не само за Европската Унија, туку и за земјите ширум светот“, наведоа Кошта и Фон дер Лајен во објавата.

Според нив, безбедноста во регионот на Арктикот останува клучен приоритет за Европската Унија, која за таа цел се стреми да соработува со сојузниците и партнерите.

Во одвоена реакција, исто така на Икс, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас порача дека Гренланд е автономна територија во составот на Кралството Данска и за сите промени на тој статус можат да одлучат само Гренланѓаните и Данците.

„Очекуваме сите наши партнери да го почитуваат нивниот суверенитет и територијален интегритет и да се придржуваат кон своите меѓународни обврски, загарантирани меѓу другото во Повелбата на Обединетите нации и Северноатлантскиот договор, наведе Калас“, изразувајќи притоа солидарност со Данска и Гренланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе