Ќе се трошат државните резерви на мазут, денеска се очекува да биде прогласена кризна состојба. Таму има над 10 илјади тони од овој енергенс.
И покрај тоа што се јавија потешкотии да се набави од Грција поради протестите на земјоделците, министерката за енергетика Божиновска уверува дека проблеми во снабдувањето со струја нема да има, ниту рестрикции.
Денеска на владина седница ќе се разгледува барањето од ЕСМ за прогласување на кризна состојба на пазарот со електрична енергија, процес со кој ќе се овозможи потребните енергенси ЕСМ да ги црпи токму од државните резерви.
-Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо бидејќи државата има резерви на мазут, знаете дека има таму протести има веќе повеќе е од 50 дена неможност да се донесе мазут и тоа значи дека државните резерви ќе ги снабдат ЕСМ со мазут, Сања Божиновска – министер за енергетика.
