Вести Македонија Топ вести

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое ќе се одржи во септември. Акцијата ја реализираше Јавната установа Национален парк „Маврово“ во соработка со Energy Delivery Solutions, со цел збогатување на рибниот фонд и унапредување на условите за спортски риболов пренесува МИА.

Од Националниот парк посочуваат дека порибувањето е дел од активностите за зачувување на природните ресурси и одржливо управување со езерото. Во текот на пролетта, Мавровското Езеро во две акции беше порибено со повеќе од четири тони крап.

Поради подготовките за светското првенство, крапот е под временска забрана за спортски риболов до завршувањето на натпреварот. Надлежните апелираат до риболовците и посетителите да ги почитуваат мерките, додека службите на Националниот парк спроведуваат засилени контроли на терен. Светското првенство е планирано да се одржи од 2 до 5 септември.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Парализиран маж по три години повторно почувствува допир

Tea Dimkovska

Британија го зголемува военото присуство во Естонија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе