Вести Македонија Најважни

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2 по писмената верзија на пресудата

Државниот обвинител Ненад Савевски вели дека обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир 2 откако ќе ги видат аргументите во напишаната пресуда.

Како и во секој предмет така и во овој ќе се чека писмената верзија. Целото образложение ќе се анализира и секако тогаш ќе се донесе одлука дали судот го убедил обвинителството со своето образложение или не.

Новинар Телма: Сепак станува збор за ослободителна пресуда, често обвинителството по ослободителна пресуда знае да биде децидно дека ќе ја обжали, бидејки е ослободителна пресуда, а веќе дел од аргументите обвинителот можеше и во судница да ги слушне од судијката повеќе од еден час ги образлагаше.

Савески: Да, меѓутоа јас не сум бил присутен во судница, прашањето ми го поставувате мене јас во овој момент само овој одговор можам да го дадам.

Судијката Даниела Алексовска Стојановска изрече ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски и ја одби конфискацијата на партискиот имот на ВМРО – ДПМНЕ.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе