Вести Македонија Топ вести

Ѓорѓи Танушев во Топ Тема: Потребна е државна помош за гасот да стигне до домаќинствата во Струмица

Планска програма за почист воздух на владата предвидува изградба на когенеративни гасни централи… но и во Струмица како да не се знае кој загадува и зошто, иако општината е некој вид лидер по гасификација, во вечерашната Топ Тема Ѓорѓи Танушев од невладината „Здрава котлина“, потврди дека во Струмица има секундарна гасоводна мрежа, но таа не е искористена.

  • Проблемот со таа капитална инвестиција е што останува неискористена, едно поради високите сметки сега со војната во Украина, а второ е тоа што луѓето треба да инвестираат за да можат да ја користат таа секундарна мрежа а голем дел од семејствата не се спремни да ја поминат таа бариера, затоа дефинитивно е потребна државна помош со некакви евтини кредити, односно интервенција од централниот буџет. Тоа е рецептот кој треба да се примени во секој град. Во Струмица 45 километри е секундарната гасоводна мрежа, истакна Ѓорѓи Танушев – Здрава котлина.

Според него просечно 3-5.000 евра се потребни за секое домаќинство и таа се исплати за долг рок имаше и субвенции на гасот порано но тоа не е доволно. За локалната лесна индустрија може да се каже дека со гасот фирмите може да заштедат на трошоци.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе