Oд министерството за земјоделство уверуваат дека Eвропската комисија (EK) нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД 3 програмата, туку само дека на состаноци со нивни претставници било најавено преземање на дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети.
Според министерството, по завршување на проверките и контролите од надлежните институции, реализацијата на ИПАРД 3 програмата ќе продолжи без застој. Оттаму порачуваат дека ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во однос на користењето на средствата од ИПАРД 3 програмата.
