Вести Македонија Најважни

Осомничени 33 лица и 2 фирми, наместиле тендер на ЕСМ Дистрибуција од 7,6 милиони евра

Наместиле тендер од над 7 и пол милиони евра, а испрале 2 милиони евра е епилогот од акцијата во која беше приведен поранешниот управител на ЕСМ Дистрибуција, Бујар Дарлишта. Отворена е истрага против 33 лица и две фирми за злоупотреба на набавка на СКАД Ормари за потребите на ЕСМ Дистрибуција.

Осомничените вработени во ЕСМ Дистрибуција се договориле на јавната набавка де се пријават две фирми Вортекс ЕД од Скопје и Мидел од Куманово. Мидел имала непотполна документација и понудила повисока сума од Вортекс, која пак понудила идентичен износ со проценетата вредност на набавката. Но, проценетата вредност не била објавена во огласот за набавка на ормарите за контрола и и мониторинг на топлинските станици.

  • „Според наводите во наредбата за истрага, во текот на 2023 година тројца осомничени како службени лица вработени во ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје и четворица управители и/или сопственици на двете осомничени правни лица создале група со цел вршење кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Кон групата се приклучиле останатите 26 осомничени лица“, соопштија од ОЈО ГОКК. 

Договорот е потпишан на 26 септември 2023 година со Вортекс. На договорт потпис ставил Дарлишта и газдата на фирмата Владимир Стоименов. Потоа осомничените се обиделе да сокријат 2 милиони евра.

  • „По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела, пријавените од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на паричните средства, истите во вкупен износ од 125.556.930,00 денари, односно 2.041.576 евра​, ги пуштиле во оптек, примиле и пренеле и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело“, наведоа од ОЈО ГОКК. 

Акцијата беше спроведена на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Седум лица се во притвор, а за 6 се определни мерки за претпазливост.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсена е директорката на „Комуналец“ Асани и уште двајца други раководители за епидемијата во Гостивар

Sonja Petrusevska

Клековски: Бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000, четворица се хоспитализирани од кои едно дете

Sasko Dimovski

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе