Вести Македонија

Општина Аеродром молчи иако денес мора да донесе одлука за Зимзоленд

Денес истекува рокот во кој Општина Аеродром треба да донесе одлука за понатамошното постапување со лунапаркот „Зимзоленд“. Иако градоначалникот Дејан Митески вчера во изјава за Телма најави дека денес ќе даде повеќе информации сега не одговара на нашите пораки и повици, што не било пракса досега.

Денеска завршува и законскиот рок во кој субјектот што е под надзор има право да достави одговор или забелешки на записникот што веќе му е доставен, а општината треба да ги преземе потребните мерки. Еве што ни изјави Митевски во текот на вчерашниот ден.

0 „До утре е рокот кога субјектот на надзор е должен да достави одговор или забелешка на записникот кој му е доставен, а доколку не постапи, ние ќе продолжиме согласно нашите надлежности“, изјави Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром.

Телма, повикувајќи се на официјален документ од градот Скопје, објави дека „Зимзоленд“, нема дозвола за поставување на реквизити и поради тоа наложиле на Општина Аеродром да постапи согласно своите надлежности. По нашата објава, во лунапаркот влегоа повеќе инспекциски служби кои утврдија неправилности.

Државниот пазарен инспекторат констатираше вршење нерегистрирана дејност и најави изрекување казни.

Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и дека не се исполнети хигиенските услови, поради што изрече парични казни.

Управата за јавни приходи пак утврди неиздавање фискални сметки и финансиски неправилности кај дел од субјектите, додека од Министерството за внатрешни работи пишуваа казни на оние кои беа непрописно паркирани во близина на лунапаркот.

И покрај сите досега објавени наоди и утврдени неправилности, сопственикот на лунапаркот, Панде Димов, иако не сакаше да зборува пред камера, ги отфрли обвинувањата и порача дека ќе продолжат со работа.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе