Вести Македонија

ИЈЗ: Младите во Македонија прерано посегнуваат по цигари и алкохол]

Истражувањето ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажува дека дел од младите во Македонија почнуваат да пушат уште на 9 годишна возраст, додека првото искуство со алкохол го имаат околу 13 години.

Највисоките стапки на употреба на прва цигара и е-цигара се забележани кај 14 и 15-годишни, додека 28,5 проценти од учениците го пробале алкохолот пред 13-та година. Податоците исто така покажуваат зголемена употреба на е-цигари и различни психоактивни супстанции, како транквилизатори, лекови против болки и канабис, со почесто вклучување на момчињата во споредба со девојчињата.

Еден од четири ученици пријавиле коцкање, со значително поголема застапеност кај момчињата, особено во онлајн коцкањето. Од ИЈЗ потенцираат дека резултатите се основа за унапредување на превентивните програми во училиштата, како и за зајакнување на интерсекторската соработка за создавање побезбедна и поздравa средина за младите.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе