Организаторите на Зимзоленд треба да се изјаснат за забелешките од инспекцискиот надзор најдоцна до денеска.
Општина Аеродром најавува дека по истекот на рокот ќе постапи според своите надлежности, при што ќе биде земен предвид ставот на организаторите.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, истакна дека инспекциските служби извршиле надзор на самото место и изготвиле записник со констатации, доставен до организаторите на Зимзоленд.
Одлуката за понатамошно постапување ќе зависи од доставените ставови и резултатите од надзорот.
