Адвокатот Петре Шилегов остро го критикуваше обвинението за случајот со пожарот во кочанскиот ноќен клуб Пулс, оценувајќи го како правно несодржливо и непрофесионално подготвен документ.
-Исправени сме сите заедно, судот најмногу, пред предизвикот да се донесе правно одржлива пресуда која колку-толку ќе им даде утеха на оштетените. Но таа пресуда не смее да нанесе неправда, особено не на мојот клиент Шефкет Хазари“, изјави Шилегов.
-Со целосна почит кон обвинителството, ова обвинение не заслужува да го носи тоа име. Правно по-поаналфабетски памфлет од ова немам видено, рече адвокатот.
