Владата на денешната седница изгласала предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски од функцијата. Владата ја продолжува постапката за разрешување што ја почна на почетокот на 2025-та, а одлуката е донесена иако е добиено негативно мислење од Советот на јавни обвинители.
Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски. По денешната владина седница . Предлогот оди пред пратнеиците кои го имаат последнит збор. Причините се исти со кои тргна да го разрешува уште во февруари годинава. но ја стопираше поради истрагата за трагедијата во Кочани. Направил крупни професионални грешки во раководењето на обивнителството велат од владата
-Неовластено изнесување на информации, податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед. Не постапувајќи согласно обврските што се предвидено со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласно со Уставот.Како последица на сторените повреди по изминатиот период, евидентна е нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на истата, рече портпаролката на владата Марија Митева.
Постапката продолжува и покрај тоа што Советот на јавни обвинитeли даде негативно мислење уште пред 8 месеци. Иако мислењето е необрзувачко, Коцевски како клучно го посочува тоа што Советот утврди дека тој не сторил тешка дисиплинска повреда. Изјавата за медиумите ја даде 2 часа пред владата да објави дека ја продолжи постапката за негово разрешеување
-Согласно законот, важечкиот закон, јас треба да сторам тешка дисциплинска повреда. Советот на јавни обвинители констатираше дека од моја страна не е сторена тешка дисциплинска повреда, понатаму постапката е – оди предлогот до Влада, односно Владата може да го достави до Собранието, тоа не е моја надлежност, изјави државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Летоска на Коцевски му беше изгласана и интерпелација во Собранието која нема правно дејство . Тој тогаш рече дека законот не предвидува можност за политичка одговорност каква што е интерпелацијата за државниот обвинител. Одговори дека нема да поднесе оставка, а Владата најави дека ке ја продолжи постапката за разрешување после изборите.
Разрешувањето на Коцевски се најде и во извештајот на Европската комисија за владеењето на правото објавен во јули. Во Извештајот, за постапката е констатирано дека има недостатоци во законските норми за разрешување, но и ризик од политизација. И последниот извештај за напредокот на земјава отираше дека надворешното и политичкото мешање во правосудството остануваат причина за сериозна загриженост. ЕУ забележа и дека засилената реториката на политичарите и владините функционери за преземање мерки против судиите и обвинителите претставуваат непримерно влијание или заплашување и ја поткопуваат независноста на судството.
Елена Ивановска
