Почнува расправата за буџетот на Република Македонија за 2026 година на пленарна седница во Собранието.
Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.
Предлог буџетот има предвидени средства за капитални инвестиции, зголемување на платите во јавниот сектор и финансирање на клучни инфраструктурни проекти.
Расправата ќе трае пет дена по што предлог буџетот треба да се гласа најдоцна до крајот на годината.
