Вести Македонија Најважни

(Видео) СДСМ обвинува за „чистка на буџетот“: Семејна фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра

Семејната фирма на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски добила вкупно 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра од државни институции и општини водени од ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ чиј антикорупциски тим, што го најави лидерот Венко Филипче, денеска објави нова т.н. „бомба“.

„Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор. Таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како „чисти“? – Сите патишта водат до Ивица Томовски и СОЗР. Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски“, рече членот на ЦО, Александар Саша Димитријевиќ од партиската говорница. 

Димитријевиќ притоа објави конкретни податоци.

„Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360.000 евра или вкупно 161 тендери. Тоа се речиси 5,5 милиони евра! Пари на граѓаните!“, истакна Димитријевиќ.

Дополнително, потенцира тој, „со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, бизнисот на фамилијата Томовски експлодирал“.

„Семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%. И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот“, нагласи Димитријевиќ, според кого истата фирма во тековната година веќе добила 10 нови тендери од речиси половина милион евра.

Тој потенцита дека сопственик на „Сити логистик“ во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата – Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име.

Томовски му возврати на СДСМ: Немам приватна фирма, ниту удел во посочената, барам да се извините за клеветата, во спротивно ќе тужам

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе