Вести Македонија Најважни

Обвинувања од СДСМ кон Томовски за 161 тендер – директорот на СОЗР тврди лажат и најави тужба

Семејна фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра од државни институции и општини водени од ВМРО-ДПМНЕ. Со вакви обвинувања излезе опозициската СДСМ со новиот проект „Бомби“ со кои од партијата најавија дека ќе ги обелоденат криминалните шеми на владејачката партија. Од СДСМ тврдат дека се работи за фирмата „Сити Логистик“ чиј сопственик во моментот на основање е Витомир Томовски, татко на Ивица Томовски, додека управител на компанијата е Слободан Кутановски за кој велат дека е нивни близок роднина.

„Потоа се менува името на фирмата „Сити аутсорсинг“. Иста адреса, ист матичен број на субјект, само со друго име. Зошто е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во владата мислам дека на сите им е кристално јасно, важно фамилијарните бизнис течат. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306 проценти и тоа само во 2024 година, случајно нели им тргнало чистењето на буџетот. А само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од, речиси, половина милион евра“, соопшти Сашо Димитриевиќ, член на Управен одбор на СДСМ

На овие обвинувања реагираше Томовски. Директорот на СОЗР тврди дека нема никаков удел во посочената фирма. Побара извинување од СДСМ,  во спротивно ќе поднесе тужба за клевета.

„Тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас. Додека тие зборат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели „држете го крадецот“. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за модуларната болница, за Соравија, за плантажите за марихуана“, пишува во реакцијата на директорот на СОЗР Ивица Томовски. 

Со демант излегоа и од компанијата „Сити Аутсорсинг“ со кој негираат било каква поврзаност на Томовски со компанијата

„Без да навлегуваме во политички пресметки или дневно-политички наративи, категорично ги демантираме сите изнесени наводи со кои се поврзува споменато лице со нашата компанија. Истото лице нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со „Сити Аутсорсинг““, се вели во демантот од компанијата.

Според податоците од Бизнис мрежа, сегашен сопственик и управител на „Сити Аутсорсинг“ се јавува Милчо Стрезовски, а Витомир Томовски како сопственик се брише на крајот од 2022 година.

Инаку, вчера претседателот на партијата Венко Филипче најави нов пакет бомби со кои ќе обелоденат скандали за злоупотреби на европски фондови, ИПАРД Програми и тендери поврзани со владејачката партија.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе