Вести Македонија Најважни

Барателите на азил кои ќе бидат одбиени во Обединетото Кралство, можеби ќе бидат депортирани  во С. Македонија – од македонската влада демантираат

Барателите на азил кои ќе бидат одбиени во Обединетото Кралство, можеби ќе се враќаат во С. Македонија, пишуваат денеска повеќе медиуми, како британскиот весник „The Times“ и „Euronews“.

Од македонската влада тврдат дека станува збор за написи за внатрешна политичка потреба, додека вистината за оваа тема била кажана од амбасадорот на О.К, Метју Лосон кој јавно кажал дека за оваа тема никогаш не се разговарало.

Балканската земја е во формални преговори со В. Британија за тоа да биде една од базите каде би се враќале азилантите, со што премиерот Кир Стармер се надева дека ќе се намали бројот на мигранти кои доаѓаат на островот, пишува „The Times“.

Во текстот се тврди дека Британија ќе и плаќа на Македонија за секој мигрант кој ќе го прифати.

Обединето Кралство исто така ќе се согласи да инвестира во земјата и ќе понуди безбедносни гаранции како помош за справување со заканата од Русија, како дел од договорот, се тврди во текстот објавен во британскиот весник.

Според овие информации, нашата држава формално ги започнала разговорите за ова прашање со Обединетото Кралство уште оваа есен и е една од малиот број држави кои водат преговори со Велика Британија, за отворање на вакви бази каде би се враќале одбиените баратели на азил.

  • „Мигрантите би биле депортирани и ќе им биде понудена можност да побараат азил во Северна Македонија, но нема да бидат приведувани или да се соочат со рестрикции на нивното движење, со што ќе имаат можност да ја напуштат земјата ако сакаат тоа да го направат. Ќе бидат охрабрувани да побараат азил во секторите во кои има голем недостаток на работници, како градежниот сектор“ – пишува весникот.

Косово исто така е во преговори со Обединетото Кралство за отворање на ваква база за бегалците, откако владата во Приштина веќе се согласила да прими илегални мигранти од Соединетите американски држави.

Босна и Херцеговина го одбила барањето на Британија претходно, затоа што прифаќањето на баратели на азил од Обединетото Кралство не е во националниот интерес на оваа држава.

Инаку, ова прашања и претходно беше отворено како дилема, при што македонски власти негираат дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство не предвидува прием на мигранти. „Бидете спокојни таква работа кај нас ќе нема“, ја уверуваше премиерот Х. Мицкоски македонската јавност кон крајот на мај.

  • „Одговор на ова прашање даде амбасадорот на Обединетото Кралство кој што беше многу јасен, а тој одговор е дека апсолутно нема таква работа. А таа тема се наметна откако во Албанија беше потпишан договор меѓу тамошниот премиер и премиер на една земја во Европската унија за изградба на кампови во кои Албанија ќе прими неколку десетици илјади мигранти. Аналогно на тоа таа тема се пренесе тука, но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердуви, мислејќи така дека ќе то оцрнат овој стратешки договор и дека ќе нанесат штета на имиџот и работата на владата. Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема“, истакна премиерот Мицкоски (22.05.2025).

Никола Илиевски

Мицкоски: Бидете спокојни, стратешкиот договор со В. Британија не предвидува прием на мигранти

Дали Британија ќе засолнува сопствени баратели на азил и емигранти во центри низ Македонија- името на државата, според медиуми, е меѓу дестинациите со кои Лондон преговара

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе