Вести Најважни Свет

Путин во интервју за „India Today“: Русија ќе го заземе Донбас со сила или Украинските трупи ќе се повлечат

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека или Украинските сили ќе се повлечат од целата територија на источниот регион Донбас или Русија ќе го заземе со сила – отфрлајќи идеја за било каков компромис околу една од главните пречки за завршување на војната во Украина.

„Или ќе ги вратиме овие територии со сила, или евентуално Украинските трупи ќе се повлечат“ – изјави Путин во интервјуто за „India Today“.

Украинскиот лидер, Володимир Зеленски, ја отфрли идејата за откажување од територија, без разлика дали таа во моментов е под контрола на Русија или не.

Коментарите на Путин доаѓаат кпо изјавата на Претседателот Доналд Трамп, дека впечатокот на неговите преговарачи е дека рускиот лидер „би сакал да ја заврши војната“, по разговорите во Вторникот.

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, кој ги предводеше американците во разговорите, денеска ќе се сретне со главните преговарачи на Украина, во Флорида.

Руските сили во моментов контролираат околу 85% од Донбас. Првичната верзија на американскиот мировен план предвидуваше дека деловите од овој украински регион, кои сѐ уште ги контролира Украина треба да преминат под де факто контрола на Русија.

Во своето интервју за „India Today“, пред посетата на рускиот лидер на Делхи, Путин исто така рече дека Москва не се согласува со делови од планот на САД.

„На моменти рековме – да, може да разговараме за ова, но со останатото не можеме да се согласиме“, изјави Путин.

Сепак, во интервјуто, тој не сакаше да ги коментира точките за кои постои несогласување, иако од тоа што претходно беше познато, барем две главни разлики во ставовите и натаму остануваат – судбината на украинската територија окупирана од руските сили и прашањето на безбедносните гаранции за Украина.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе