Вести Најважни Свет

Премиерот на Белгија: Пораз на Русија во Украина е бајка и целосна илузија, лично предупредија на „вечни“ последици

Белгискиот премиер Барт де Вевер предизвика бурни реакции со контроверзната изјава дека Русија нема да ја загуби војната, нарекувајќи го таквиот исход „бајка и тотална илузија“. Во интервју за „Ла Либре“, Де Вевер истакна дека „замрзнатиот“ руски имот на крај ќе мора да биде вратен на Москва, а секој обид за негова заплена, отворено го нарече кражба, пренесува РБЦ Украина.

Според Де Вевер, Белгија се наоѓа под „неверојатен притисок“ по прашањето за одземање на „замрзнатите“ руски средства и инсистита дека таквиот потег би бил без преседан.

„Кражба на „замрзнат“ имот на друга држава, на нејзините суверени фондови, никогаш не била направена. Тоа се парина Централната банка на Русија. Дури ни за време на Втората светска војна, германските пари не беа конфискувани, туку „замрзнати“, рече Де Вевер.

Белгискиот премиер не само што не верува во пораз на Русија, туку ја смета како непожелна опција поради опасноста од дестабилизација на нуклеарна сила.

„Но, кој навистина верува дека Русија ќе загуби во Украина? – Русија нема да загуби. Тоа е бајка, целосна илузија. Дури е непожелно да загуби, за земјата која поседува нуклеарно оружје не ја зафати нестабилност“, изјави Де Вевер.

Ова не е првпат Белгија да изнесува аргументи против користење на рускиот имот за помош на Украина. Де Вевер неодамна изнесе тврдење дека таков потег би можел да доведе до сериозни економски и геополитички последици. Поради тврдиот став на Белгија, други европски земји ја обвинија дека поставува претерани барања за заштита на имотот во случај на тужба од Москва.

Порталот Политико, пак, сугерира дека отпорот на Белгија можеби има и практични причини за страв од руска одмазда.

Фото: screenshot/youtube

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе