Македонија повторно се соочува со сериозни нивоа на загадување, а речиси сите поголеми градови деновиве дишат воздух кој е класифициран како нездрав. Според платформата World Air Quality Index, Скопје и понатаму е меѓу најзагадените градови во регионот, со дневни вредности кои често достигнуваат и до 180 AQI (индекс за квалитет на воздухот). Но проблемот не е ограничен само на главниот град – високи концентрации на PM2.5 и PM10 се регистрираат и во Тетово, Кичево, Струмица, Битола и Штип.
Комбинацијата од зимските атмосферски услови, не еколошките грејни системи, густ сообраќај и недоволно ефикасна инспекциска контрола го прават загадувањето хроничен национален проблем. Зошто секоја зима слушаме иста песна? Зошто Скопје останува најзагаден град во регионот?
Колку е опасен воздухот што го дишат граѓаните во Македонија?
И дали конечно ќе се преземат решенија што со години стојат само на хартија?
АНКЕТА: Дали со енергетски реформи, евтино централно греење, чисти горива, ќе се намали загадувањето? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
