Вести Најважни Свет

За Путин се неприфатливи промените предложени од Киев и Европа во првичниот мировен план од 28 точки, кој го туркаа САД

Путин го отфрли мировниот договор за Украина по разговорите со САД, додека се состануваат министрите за надворешни работи на НАТО.

Владимир Путин и американските преговарачи се чини дека не успеаја да постигнат напредок во обезбедувањето мировен договор за Украина.

Рубио: Главната точка на спор во преговорите за ставање крај на војната е околу 20 отсто од Доњецката област кои се под контрола на Киев

Руските претставници велат дека разговорите биле „конструктивни“, но „не е постигнат компромис“ околу територијалните отстапки за Украина, објави Би-Би-Си.

По состанокот во Москва, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, ги опиша разговорите како „конструктивни“.

Ушаков: Разговорот меѓу Путин и Виткоф беше „конструктивни и многу суштински“

На брифинг за медиумите, тој рече дека Кремљ „се согласил со некои точки… но некои работи ги критикувавме“. Но, додаде тој, „сè уште не сме дошле до компромисна верзија… многу работа претстои“.

Порано истиот ден, Путин рече дека промените предложени од Киев и Европа во првичниот мировен план од 28 точки – кој го туркаа САД – се неприфатливи.

Неговата земја „не планираше да војува со Европа“, рече тој, „но ако Европа одеднаш сака да војува и започне војна, ние сме подготвени веднаш“.

Ова доаѓа во време кога министрите за надворешни работи на НАТО се состануваат во Брисел за да разговараат за тековните мировни преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно рече дека некои работи „сè уште треба да се разработат“ во нацрт-мировниот план, но дека „сега повеќе од кога било, постои шанса да се заврши оваа војна“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе