Резултатите од анализите на мострите земени од ИЈЗ од ОУ „Димо Хаџи Димов“ покажаа присуство на ентеробактерии, што укажува на недоволна хигиена во училиштето.
Од АХВ информираа дека ова ќе придонесе за дополнителни мерки и промени во Националната годишна програма за јавно здравје, како и во одредени правилници и закони за подобрување на хигиената во училиштата и градинките.
Во рамките на општина Карпош, АХВ заедно со службени лица од ИЈЗ изврши вонредна контрола и во останатите девет основни училишта. Од секое училиште беа земени мостри од храна и брисеви од кујнските работни површини.
По направените анализи, патогени бактерии не се откриени во испитуваните примероци од останатите училишта, што укажува дека проблемот е ограничен на ОУ „Димо Хаџи Димов“. Надлежните најавуваат мерки за подобрување на хигиената и обезбедување побезбедна храна и вода за учениците.
Согласно препораките но и ветувањата дадени на родителите сите ученици од денеска се враќаат на настава.
Тие добиле и уверување од директорката дека Институтот за јавно здравје дал насоки за нови анализи по 15 дена.
