Вести Македонија Најважни

Возачи внимавајте, од денеска камерите на „Сејф Сити“ ве снимаат

Oд денеска камерите на „Сејф Сити“ ве снимаат. Министерството за внатрешни работи стартува со системот „безбеден град, безбедна држава “, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги казнува прекршителите. До Нова Година е предвиден пробен период. Возачите ќе добиваат само предупредувања, без изрекување казни. Од јануари системот влегува во целосна примена. Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде документирано, ќе добие смс и мејл известување со линк, на кој ќе може да преземе записник и платен налог.

-Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина казна. По истекот, износот мора да се плати целосно во следните осум дена, пред да започне постапката за присилна наплата. Казните ќе може да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе го известува МВР дека глобата е платена, велат од министерството. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе