Вести Македонија Најважни

Родителите на учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ не ги пуштија децата на настава – бараат строги протоколи

Мирно и тивко, со мала раздвиженост, вака утринава изгледаше основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Оние малку родителите кои беа да ги однесат или земат своите деца од настава велат дека стравуваат од можна зараза.

„Моето дете оди на настава. Го зедов одма по завршување на часовите, да не седи подолго во училиште и со тоа да се зголеми ризикот од зараза. Носи храна од дома и користи средства за дезинфекција. Стравуваме од можна зараза“, вели родител.

Голем број родители на ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“, денес одлучија да не ги пуштат своите деца на настава и испорачаа пет барања до директорката и советот на родители. Повеќе од 70 родители побараа училиштето да обезбеди строга контрола на храната и јасен протокол за хигиена во сите простории.

„Бараме јасен план кој ќе обезбеди редовен и засилен санитарен надзор, строга контрола врз операторот кој ја подготвува храната, протокол за хигиена на простории и конкретни чекори за спречување на сличен инцидент. Доколку тоа не се исполни ќе бидат вклучени општината, МОН, и другите надлежни институции“, порачаа родители на ученици во ООУ “Димо Хаџи Димов”.

Директорката на училиштето Лела Николоска не креваше на телефонските повици откако и беа доставени овие барања.  За Телма изјави дека е направена целосна дезинфекција во училиштето и голем дел од децата се на настава, но не стана збор за барањата од родителите..

„Јас можам да кажам дека училиштето редовно работи, целосно е дезинфицирано и работи по протоколи. Учениците доаѓаат на настава, изјави  Лела Николоска – директор на ООУ “Димо Хаџи Димов”.

Од Детската клиника велат дека на клиниката се прават последните испитувања за оние неколку дечиња кои се хоспитализирани да бидат пуштени дома.

 „Состојбата на оние четири деца кои беа задржани на болнички третман е стабилна и најверојатно три од нив ќе бидат пуштени дома, а едно ќе биде задржано“, изјави Реџеп Мемети, директор на Детската клиника.

Оние првични резултати покажаа дека во мусаката која ја јаделе децата и на три чешми во училиштето имало фекални бактерии. Исто така брисот од нос на една од вработените во кујната покажа дека имала стрептокока и едно од хоспитализираните деца имаше норовирус. Сите овие бактерии создаваат стомачни тегоби како што имаа голем број ученици од тоа училиштето. Дел од нив не одеа на настава, а надлежните зедоа мостри од работните површини, но официјалните резултати сè уште се чекаат.

 Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе